Како да освоите награда?
вторник, октомври 4, 2011
Секој месец доделуваме награди за нашите најверни членови !!
Наградите ги поделивме во 4 подароци, секој подарок содржи лак, маска, и надградба на трепки од Депилеве, производ од LUSH, фенирање од фризерското студио А&А нас.Кисела Вода
Подарок освојува
- Најлајкуваната фотографија.
- Најпосетуваната фотографија
- Топ член од страната
- Топ член од facebook
За оние кои не знаат, за да освоите награда треба да добиете што повеќе facebook Likeови за фотографиите кои ќе ги прикачите (од вашиот личен стил или од интернет). Што значи дека колку многу фотки ќе прикачите не е критериумот за наградување туку колку на вашите пријатели ќе им се допаднат вашите фотографии. Едноставно сликајте парче облека од вашиот плакар или пак сликајте се пред да искочите некаде. Сликајте ги вашите ташни, чевли, накит, сликајте ја вашата тетоважа или тетоважите на вашите пријатели, сликајте се кога ќе се нашминкате за некаде, сликајте ја вашата фризура, и секако сликајте и покажете ни како се налакиравте или каква надградба на нокти имате. Доколку не сте доволно храбри да ни го покажате вашиот личен стил, прикачете фотки од интернет кои се софпаѓаат со вашиот вкус!
Ако не сте регистрирани, направете го тоа тука за да можете да пикачувате фотографии!
За да освојувате Likeови, кликнете на линкот "Погледни детали..." кој се наоѓа под секоја фотографија и потоа ве советуваме да го користите копчето Сподели кое се наоѓа најдолу под фотографијата на оваа страна за детали. Одберете споделување на facebook за сите да ја видат и пишете им секако да кликаат Like. Или пак можете да ја ископирате адресата од вашата фотографија и да ја постирате на нашата facebook страна каде повеќе од 18 000 фанови ќе може да ја гледаат.
Доколку си добитник на награда прочитај во Добитници на награди каде да ја подигнеш или контактирај не на info@fancy.mk