12 Златни правила да добиете совршена линија со туш

понеделник, февруари 20, 2012

1. Ја чистиме очната контура со чепкалка за уши натопена во чиста вода. Таа не остава мрсен слој на кожата околи очите за разлика од скапите продукти за отстранување на шминка.

2. Процесот на шминкање се одвива само врз чист очен капак. Треба да се избегнува пудра, сенка како и коректор бидејки овие продукти го оптимизираат лизгањето и издржливоста.

3. Шминкањето треба да се одвива со што помало огледало. Огледалото го поставуваме благо наклонето за да добиеме подобар видик на очниот капак. Оваа позиција овозможува да се најде потпора на лактите што ја гарантира стабилноста на раката и спречува тресење.

4. За подобро да се запознаеме со производот и неговата густина нанесуваме малку на раката.

5. Треба да се избегнува затегнување на очниот капак бидејки постои опасност од деформација на линијата.

6. Започнуваме од надворешната страна на очниот капак. Тоа ни овозможува следење на окото по целата негова должина, односно т.н. ретро стил. Можеме да започнеме со андворешниот агол на окото и да завршиме во средина на ирисот, да ја промениме дебелината на линијата, нејзината висина или насоката. Ова дава простор за повеќе слобода и постигнување на помодерен резултат при шминкањето.

7. Нанесуваме без колебање. Дури и ако линијата не е совршена од првиот пат можеме лесно да ја корегираме со чепкалка за уши малку натопена со производ за отстранување на шминка.

8. Доколку повлекуваме линија на долниот дел од окото треба да внимаваме двете линии да не се собираат во внатрешниот агол на окото, тоа го смалува погледот.

9. Не треба да оставиме место меќу линијата и нивото на очниот капак, бидејки тоа остава впечаток дека линијата е незавршена. Оние делови кои се недостапни за туш четката ги боиме со моливче за очи. Нанесуваме малку и меѓу трепките, тоа го прави погледот кадифен и дава чуство дека очната линија е неразделен дел од окото.

10. Крајната контутра ја добиваме со повлекување на една завршна линија по должината на очниот капак.

11. Откако ќе ја завршиме очната линија нанесуваме римел (ако трепките се подготвени претходно, тие само ја спречуваат леснотијата на движењето).

12. Завршуваме со тенок слој на пудра во прав кој го нанесуваме на очниот капак за да ја утврдиме линијата и да го обединиме резултато.

Текстот го напиша Маријана Мартиноска