Водич за нашата заедница

fancy.mk е веб страна за споделување на стил и инспирација. За да биде веб страната инспиративна, забавна, безбедна, и прекрасна, го направивме овој краток водич.

Почитувај го стилот на сите членови

fancy.mk има членови од различни култури и позадини. Ве молиме да го почитувате стилот, креативноста, погледите, и верувањата на сите. Нека ова биде место со топло добредојде за секој.

Додавање фотографии

Главна инспирација за создавање на fancy.mk беше за вие да прикачувате фотографии од облеката, ташните и штиклите кои што ги поседувате, начинот на кој што сами се шминкате, вашите тетоважи, вашите аксесоари и накит, педикирот што го правите сами, и фризурите. Или пак фотографии од бутици низ градот, фотографии од некои пригоди каде што е изразен вашиот стил, или било што и да сликате сами. Меѓутоа со тек на време членовите сами покажаа дека повеќе би сакале да прикачуваат фотографии од интернет наместо од себе и сопствениот изглед. Ние ги поддржуваме и двете! Доколку се оствари првото, ќе може да споделите со останатите од каде ги купувате вашите омилени парчиња облека, кое ви е хит место за кондури, каде се шминкате, и слично! Во спротивно, вашите фотографии од интернет ќе служат само како инспирација и неостварена желба за останатите.

Бидете пребирливи

Ве охрабруваме да ни го покажете вашиот стил и да бидете пребирливи при прикачување на фотографиите. Додајте ги само оние кои навистина ви се допаѓаат. На овој начин вашето портфолио ќе биде инспиративно за останатите!

Избегнувајте дупли фотографии

Не е забавно една фотографија да се гледа двапати, затоа ве замолуваме да избегнувате дуплирање. А особено не е фер доколку некој веќе ја прикачил пред вас. Бидете оригинални.

Освојувајте награди

Знаете дека уште од почетокот ве наградуваме! За да освоите некаква награда најчесто треба да имате најмногу facebook лајкови на ваша фотографија. Повторно ве охрабруваме да прикачувате фотографии кои ќе ги направите сами дома, низ градот, или на некоја пригода. За да освоите повеќе лајкови важно е да ги споделувате фотографиите со вашите пријатели на facebook. Кликнете плус иконата под секоја слика за да ја споделите или пак кликнете на "Погледни детали..." па ископирајте го линкот од фотографијата и споделете ја сами.

Пишувајте за нас

Повеќето од нас имаат желба да го споделат своето модно мислење, или пак да ги прашаат останатите за свое мислење. Затоа ве покануваме да ни се придружите во тимот и да пишувате за нашите посетители. Вашите статии ќе се споделуваат со илјадници (над 18 000 фанови на facebook) посетители. Верувајте, нема да ви одземе многу време, а е многу забавно да се биде популарен! На овој начин имате шанса да ги менувате трендовите и да ги инспирирате останатите. Очекуваме ваш маил на info@fancy.mk.

Наши соработници

Наградите кои што ги доделуваме се резултат на соработката со разни компании, козметички студија, салони, и слично. Ние, а и нашите членови, ќе ви бидеме пре благодарни доколку ни помогнете да го прошириме нашиот круг на соработници и пријатели. Затоа, ако имате познаници во било која компанија со слична тема која што мислите дека ќе биде заинтересирана за соработка, слободно контактирајте не на info@fancy.mk.


facebook коментари