Дали сте жртва на модата?
вторник, февруари 21, 2012
Бидете искрени, колку лесто забележувате луѓе кои носат една иста облека? Мене ми се случува често, на пример, ако сум во бар или дискотека и забележам некој интересно облечен, полнувам да забележувам слично облечени луге и за кратко гледам патерни кои наложуваат нов изглед или тренд
Новата мода често не може да се декларира како нова, како да никогаш не била видена. Не се секавам последен пат кога сум видела нешто ново. Ако зборуваме искрено, модата на пистите е она што е нај искушувачко, но сепак и тој изглед е нешто инспирирано од минатото.
Добро е познат фактот дека облеката која ја ти и јас ја купуваме, е директна копија од колекцијата на последната голема ревија. Ваквите копии се следната варијација на стиловите кои веќе ги имаме во нашите плакари, но бидејќи се новата вртоглавица, наседнуваме.
Можете да приметите дека сите овие нови трендови земаат некој готов дизајн и го менуват најчесто кон полошо. Проблемот е што лугето немаат идеја за формата на телото и што треба и не треба да се носи за секоја одредена форма. Не ме сваќајте погрешно, не сум експерт за мода но не треба да сте модно гуру за да знаете кога некој не треба ни да се обидува да носи одреден стил.
За жал многу од нас спаѓаат во категоријата модни жртви кога станува збор за шопинг на гардероба. Забележуваме нови трендови откако ќе ги искенирами сите каталози и списанија, и завршуваме заслепени од гламурот и свежината на следното ново нешто во модата. Додека да се свртите, сите, без разлика од формата на телото, го носат истиот тренд или тема!
Следен пат кога ќе видите нов тренд или стил да настапи на сцена, погледнете подетлано во каталозите и видете што пишува за одредениот стил, повеќето ќе ви кажат за какви форми на тело одговара! Откако ќе го направите тоа, појдете да се подновите со новиот стил со доверба, или препознајте дека новиот тренд не е за вас и дека никогаш нема да изгледате добро во него! Не се плашете да испуштите нешто, набрзо ќе дојдат нови стилови кои можеби ќе бидат скроени баш за вас!
Бидете пребирливи и не станувајте жртва на модата! Среќен шопинг!