Домашни маникир совети

сабота, февруари 18, 2012

Пред да го започнете вашиот домашен маникир, вашиот метален прибор за нокти ставете го 15 минути во антисептичко средтство за да ги уништите бактериите.

  • Отстранете го стариот лак пред да почнете.
  • Никогаш не ги турпирајте ноктите кон напред и назад, правете го тоа во еден правец.
  • Вашите нокти треба да бидат обликувани во овална форма.
  • Омекнете ги вашите кутикули со нивно потопување во топла сапунеста вода, или пак со крема за кутикули.
  • Нежно подтурнувајте ги кутикулите наназад со отстранувач на кутикули.

Лакирање и декорирање

Бидете креативни! Користете диви и светли бои и стикери дизајнирани за вашите нокти. Но прво ќе ви треба добра површина на која ќе можете да работите.

  • За да ибегнете меурчиња во вашиот лак, не го протресувајте шишенцето. Протркалајте го нежно во дланките пред да го нанесете.
  • Поминете со четката три пати, еднаш во средината и по еднаш на двете страни, внимавајќи да не ги допрете кутикулите и кожата.
  • Доколку се брзате, нанесете само два слоја лак. Дозволете првиот да се исуши пред да го нанесете вториот слој.
  • За подолго да ви стои, нанесете еден основен слој, потоа два слоја на лак, и завршете го со горен завршен слој за да спречите испукување.
  • Нанесете лак на работ, малку под врвот на ноктот за да се зајакне областа.
  • Кога ќе завршите, избришете го вишокот лак на вашите кутикули со стапче за уши натопено со ацетон.
  • Доколку вашиот омилен лак се згуснал, додадете му малку ацетон да го “оживеете”.