Џенифер Лопез на карневалот во Рио
вторник, февруари 21, 2012
Започнувајќи од 17-ти па се до 22 ри февруари во Рио се одржува традиционалниот карневал.
Градот е обоен во сите бои, се слуша музика од сите страни и е нападнат од самба кралици.
Оваа година како и секоја друга, во вип просториите можеа да се забележат некои од славните личности.
Видно весела и разиграна, на карневалот во Рио не остана незабележана и Џенифер Лопез, во придружба на нејзиното 25 годишно момче.
Таа го покажа своето витко тело играјќи во ритамот на самбата, облечена во црвено со светликава маичка, тесни фармерки, високи попетици на платформа исто така во црвена боја и многу накит со сребрена светликава боја, карактеристични за карневалот.
Текстот го напиша Билјана Стојанова