Фризури кои мажите ги сакаат кај жените
четврток, јануари 26, 2012
Мажите имаат соодветна дефиниција за фризурите на жените, во прилог ви ги даваме фризурите на жените кои дефинитивно мажите ги сакаат.Погледнете која фризура е прикладна за вас, а воедно е омилена на вашиот дечко/маж.
Природна брановидна коса
Природна брановидна коса е омилена фризура помеѓу машката популација. Затоа користете спреј или силиконски капки да ги одржувате брановите и да изгледате совршено за вашиот дечко.
Права коса
Права сјајна коса го преставува здравјето на жената, затоа мажите повеќе преферираат девојки/жени со права коса. Можете да ја израмните косата со пегла за коса или пак да ја исфенирате, косата ќе ви биде мазна и права - совршена.
Природен изглед
Природниот изглед е најлесен за правење, поточно затоа и се вика природен, нели?. Едноставно нанесете восок за коса или пак некој вид на гел за да добиете влажен изглед и потоа малце употребете го фенот.
Репче
Класичната верзија на репче е токму тоа што мажите го сакаат. Главната работа е тоа што кога вашата коса е фатена во репче високо на вашата глава, вниманието на мажите се фокусира на вашиот врат.
Текстот го напиша Магдалена Таневска