I LOVE BLUMARINE!
среда, февруари 22, 2012
Супер култната и женствена италијанска марка Blumarine ексклузивно ги претстави моделите за својата пролетна колекција која е во чекор со последните модни трендови.
Динамична трансмисија на смела женственост, живо расположение со егзотичното влијание на блискиот исток. Порака во духот на ориентот исткаена во пролетни парчиња кои нема да ве остават рамнодушни. Оваа ревија ќе ви ги разбуди сетилата за нов почеток исполнет со нежност, виталност и боја. Колекцијата пролет/лето 2012 совршено го предаде чуството на пластичност, динамика и флексибилност на современата жена.
Текстот го напиша Маријана Мартиноска