Како пудрата за лице да ви трае подолго

недела, февруари 19, 2012

Неколку начини за тоа како пудрата да ви трае подолго во текот на денот.
  • Нанесете пудра 10 минути откако ќе нанесете крем за лице. Доколку не му дозволите на кремот да се впие во кожата, вашата пудра ќе се избрише во рок од неколку часа.
  • Секогаш користете камена пудра за да ја “зациментирате” течната пудра. Камената пудра носете ја со вас секогаш за да нанесувате во текот на денот.
  • Доколку не сте сигурни која нијанса на пудра ви одговара, одберете една нијанса посветло од таа што мислите дека ви одговара. Користете камена пудра за малку да го затемните лицето и да ги истакнете контурите. Камената пудра ќе се избрише но течната не. Со користење на посветла течна пудра и потемна камена пудра ќе го избегнете “шарениот” изглед кога шминката ќе почне да се брише.