Како вашите очи да изгледаат поголеми

среда, февруари 22, 2012

Има неколку трикови како да направите вашите очи да изгледаат поголеми

1.Извиткани трепки. Ако немате природни, долги и совршени трепки, да ги навиткате пред да нанесете маскара навистина ќе ги отвори вашите очи. Можете и да ги навиткате откако ќе нанесете маскара но под услов таа да е исушена.

2.Што со долните трепки? Повеќето експерти избегнуваат маскара на долните трепки бидејќи веруваат дека тоа всушност ги затвора очите. Ова е вистина за некои жени, додека за останатите маскара и моливче на долните трепки прави драматична разлика. Пробајте самите и видете дали ќе ви се допадне.

3.Не се плашете да ставите вештачки трепки. Тие се егзотични, прекрасни и може да изгледаат природни доколку се нанесат правилно. Долколку трепките што сте ги одбрале ви изгледаат премногу долги може да ги средите со ножички.