Класичен "look", црн лајнер со црвен кармин

вторник, јануари 24, 2012

Неколку начини да се постигне овој изглед:

1. На претходно исчистено лице се нанесува крема во зависност од типот на кожата. После упивањето на кремата се нанесува пудра која се нанесува рамномерно на цело лице и мал дел на вратот.

2. Се нанесува коректор на подочниците и на горните капаци на очите исто и по потреба на некои дисколорации на кожата (флеки, акни ..).

3. Наредно се сенчаат очите и се нанесува црн креон или eyeliner со тоа што се внимава линиите на двете очи да бидат приближно исти.

4. Црвен кармин - најчесно е да се почне со боење на внатрешноста на усните па постепено да се оди кон надворешната линија на усните, полесно ќе го нанесете доколку употребувате четкичка за кармин.

5. Нанесете руменило на јаболчниците но нека биде подискретно бидејќи сепак усните се во центарот на вниманието.

Текстот го напиша Глигор Бадев