КОЛОР-ТЕСТ
вторник, февруари 21, 2012
Интересно е што сите ние знаеме да си ја одбереме нашата облека,бои за нашиот ентериер во кој живееме,и повекето од нас имаат свои омилени бои.Боите се секаде околу нас,а тешко ни е да го одбереме вистинскиот изглед на нашата шминка.Зошто е тоа така?
Што не сме забележале??
Доколку знаете кои бои од облеката најдобро ви прилегаат,сигурно имате и чувство за спротивното.Но,можностите се огромни..а изборот
ке го направите во неколку чекори..Погледнете се во огледалото,по можност на дневна светлина,и одредете..
1.која е бојата на вашите очи
2.каква е бојата на вашата коса
3.дефинирајте го својот карактер
И сето тоа во согласност со четирите годишни времиња,
ЗИМА,ПРОЛЕТ,ЛЕТО и ЕСЕН..
А табелата во прилог/во вертикална насока/направена според годишните времиња како следува..Лето,Зима,Пролет и Есен,ке ви помогне да направите најдобар избор за вашата шминка..
ЛЕТО- Користете нежни неутрални и пастелни бои на бела подлога,нежна сина,розева,боја на лаванда,слива или бледа жолта.Избегнувајте интензивни бои.Црната,портокаловата и бојата на земја не изгледаат добро.
ЗИМА-Нанесувајте појаки,подлабоки и поинтензивни бои,како што е црната,маринско плава,темно зелена и црвена.Доколку ги користите овие бои,тенот на вашата кожа ке биде повпечатлив.Од посветлите бои користете ги белата и ладно пастелната,сината,розевата и жолтата.Избегнувајте користење на беж,портокалова и златна боја.Истите,вашиот тен ке направат по блед.
ПРОЛЕТ-Нанесувајте бледи,меки бои како што е бојата на праската,златно-жолта,светло зелена,јака црвена.боја на корал и чиста плава боја.Избегнувајте ги досадните бои или оние кои се премногу темни,избегнувајте црна и бела.
ЕСЕН-Нанесувајте јака златна боја и боја на земја.Есента носи со себе богати топли бои кои можете да ги препознаете во есенските лисја а тоа се,златната,портокаловата,темно кафеавата и бојата на маслинка.Исто така ке изгледате прекрасно во топлите сиви бои.
Во комбинација со боите на вашата шминка секако треба да се вклопат и боите на косата,а понекој редослед тоа би било вака:
ЛЕТО-Во лето косата е карактеристично пепеласто плава или пепеласто кафеава,што важи за оние кои имаат сини,кафеави,боја на лешник или зелени очи.
ЗИМА-Бојата на косата е црна,темно кафеава,боја на костен.Нормално, бојата на очите е кафеава,боја на лешник или зелена.
ПРОЛЕТ-Бојата на косата е златно кафеава,плава или црвена,а очите се сини,сино-зелени,зелени или тиркозно-зелени.
ЕСЕН-Бојата на косата е боја на злато и кафеава,црвена илибоја на костен,а очите се темно кафеави,во боја на лешник или зелени.
И за крај, oдредувањето на вашиот карактер би требало да соответствува со категориите на коса и очи,што би значело:
ЛЕТО-Личност која е практична,лесно прифатлива,нежна,разумна и личност што знае да го исслуша соговорникот.
ЗИМА-Личност,лојална,перфекционист,зависна,искрена и истовремено резервирана.
ПРОЛЕТ-Личност пријателски расположена,енергична,оптимист,насмеана и љубопитна.
ЕСЕН-Самодисциплинирана,доверлива,лидер,добро организирана,лојална.
Како што можете и сами да прочитатае од горе наведеното,изборот на боите е вистинска наука,но секако не подразбира дека мора да користите боја која на вас не ви се допаѓа,но шансите се поголеми доколку внимателно ја погледнете табелата.
Текстот го напиша Мамасита