LUSH ве наградува секоја недела!

вторник, август 2, 2011

Како што знаете LUSH ве наградува секоја недела! За забавата на 05ти Август ви обезбеди сапуни со многу интересни имиња magic mushroom, frog prince, snоwcake, sexy peel, porridge, figs and leaves, sea vegetable...Прочитајте нешто повеќе за нив!

LUSH сапуните не се направени само да исчистат туку и да делуваат на состојбата на кожата, омекнувачки, навлажнувачки, намирисувачки... со природни состојки да додадат повеќе радост во процесот на миење.
LUSH сапуните не се само материјал за миење тие се едно цело искуство. Постојат сапуни со екстра ексфолирачка моќ, сапуни кои ќе ве разбудат, сапуни кои ќе ве смират...
Направени со само 40-60% сапун со што се остава простор за додавање на многу корисни состојки за поголемо уживање и бенефит.

Figs And Leaves
Хранливо и негувачко почастување на кожата со алое вера, иланг иланг, портокал и нежно масажно и омечнувачко дејство од гмечени смокви и кокосово масло.

Sea Vegetable
Освежителен бран од Океанот. Sea Vegetable е направен од морска трева и стимулирачки кристали од морска сол кои ќе направат и пилинг. Мирисот на лајм, лаванда и морска трева ќе ви даде чувство како да се наогате на плажа. Мирисот е перфектно избалансиран и за момци и за девојки.

Sexy Peel
Свеж лимон, цитрон и сок од лајм - измијте ја утринската дремка со ревитализирачка свежина.