Моден тренд на фризури за пролет/лето 2012

среда, февруари 22, 2012

Оваа пролет девојки можeте да здивнете, затоа што трендот околу фризурите е најопуштен од кога и да било. На модните ревии каде што се прикажуваа моделите за пролет / лето 2012 дизајнерите се одлучиле за неколку варијанти на фризури кои се лесни и брзи за правење.

Само што сте се избањале и немате време за да ја исушите косата, тогаш доволно е да ја исчешлате од коренот до средината на главата, а надоле да ја оставите слободно да паѓа. За да успеете да го задржите овој изглед на полумокра коса доволно е да употребите препарати на база на масло од арган кои нема да го оштетат влакното и нема да дадат изглед на мрсна коса.

Дел од дизајнерите кои го започнаа овој тренд : Александар Ванг, Дизел, Ели Сааб, Ферети, Шоулер и други.

Текстот го напиша Марија Томовска