Совршени веѓи
четврток, февруари 16, 2012
- Исчешлајте ги вашите веѓи од доле нагоре, и тогаш употребете ножички за да ги скратите влакненцата кои се малку подолги.
- Употребете линијар или некој друг прав објект за да се осигурате дека внатрешниот агол на окото е во иста линија со внатрешната страна од веѓата.
- Поместете го линијарот во средината на окото (каде што е вашиот ирис кога гледате право). Осигурајте се дека центарот на лакот на веѓата е во согласнотст со ирисот.
- Крајот на веѓата, надворешниот агол на окото и врвот на вашиот нос треба да формираат права линија. Ставете го линијарот така што ќе го допира врвот на носот со надворешниот агол на окото за да утврдите каде треба вашата веѓа да завршува.
- Можете да користите леткичка за веѓи која ќе направи вашите веѓи да изгледаат убави и уредни. Можете исто така да користите и гел за веѓи кој ќе ги држи влакната од веѓите на место.