Тајни за убавина
понеделник, февруари 20, 2012
Неколку корисни трикови за убавина
- За да го зголемите нивото на ph во вашиот чампон, додадете аспирин во него.
- Загрижени сте за целулитот? Земете искористени гранули од кафе и тријте на местото каде што имате (сите кремови против целулит се на база на кофеин).
- Лакот за нокти ќе ви биде секогаш мазен и лесен за нанесување ако го чувате во фрижидер, разладениот лак не се двои. Но доколку се зацврстил и е погуст, ставете го во канче со зовриена вода. Ќе биде како нов.
- За да се ослободите од првутот, додадете 30 пилули аспирин во полно шише со вашиот шампон. Нанесете и исплакнете како секогаш.
- За да ви спаднат потечените очи, ставете кесички од смрзнат грашок под нив.
- Кога фарбате коса – фарбајте ја еден ден по миење. Природните масти помагаат во нанесувањето и бојата ќе се “фати” подобро отколку на сува коса.
- Малку црвен или портокалов кармин нанесен во средината на вашите усни, ги прави да изгледаат по полни.
- За да направите белките од вашите очи да изгледаат по големи, користете сино моливче кое ќе го нанесете под очите.