Турскиот модел Серенај Сарихај
среда, февруари 22, 2012
Таа е млада и успешна. Има само 20 години, а веќе има кариера како модел и актерка. Верувам ви е позната од турската серија „Лале“.
Ја глуми убавата и модерна Јешим.
Како на екраните така и во живо, Серенај е девојка со стил.
Во 2010-та година таа ја освоила титулата Мис на Турција за Миc Универзум, но поради тоа што била малолетна сепак друга девојка ја претставувала Турција на овој натпревар за убавина.
Исто така учествувала на интернационалниот натпревар за убавина во Прага каде ја освоила наградата за втора придружничка и специјалната награда за убавина од жирито.
Во јануари 2011-та година ги красела страниците на Турската верзија на магазинот Вог.
За снимањето на оваа фотосесија Серенај носела креации од Miu Miu, Zac Posen и Trussard.
Новата фотосесија од Серенај во која таа е полугола излезе во медиумите неодамна. Оваа фотосесија предизвика негативни реакции во Турција.
Текстот го напиша Билјана Стојанова